Белата куќа направи таен план за зачувување на големи делови од политичката агенда на Доналд Трамп доколку демократите ја преземат контролата врз Конгресот на среднорочните избори на 3 ноември.
Високи функционери, вклучувајќи го и заменик-шефот на кабинетот, Стивен Милер, со месеци работат на план што ќе му овозможи на Трамп да продолжи да ги спроведува своите политики без одобрение од Конгресот.
Советникот на Белата куќа, Вил Шарф, и неговиот тим, истражуваат што Трамп законски може да направи сам, каде би можел да ги помести границите на своите овластувања и како да ги брани тие одлуки на суд, изјави еден функционер за Ројтерс.
На демократите им е потребен нето добивка од четири места во Претставничкиот дом и Сенатот за да го соборат тесното републиканско мнозинство.
Анкетите предвидуваат дека ќе го освојат Претставничкиот дом (Конресот), додека трката во Сенатот е премногу тесна за каква било проценка.
Поразот на републиканците би го ставил Вашингтон во политички ќорсокак и би ги загрозил преостанатите домашни приоритети на Трамп.
Меѓу мерките што се разгледуваат се царини за увоз на критични минерали и ветерни турбини, построги визни правила за меѓународни студенти и привремени странски работници и мерки за намалување на трошоците за домување и градежништво.
Директорот за управување и буџет, Расел Вот, испитува кои приоритети можат да се остварат со парите што веќе ги одобри Конгресот.
Администрацијата, исто така, сака да ги промени правилата за федералните грантови, така што политички назначените лица ќе имаат поголемо влијание врз распределбата на парите на даночните обврзници.
Трамп, кој беше два пати се соочуваше со импичмент (отповик) во својот прв мандат, исто така се подготвува за нови обиди да го смени.

Адвокатите на Белата куќа им даваат инструкции на службениците како да се справат со конгресните истраги, барањата за документи и судските покани и ги советуваат да бидат внимателни што пишуваат.
Тие, исто така, побараа мислење од Министерството за правда за тоа дали Трамп може да се повика на извршна привилегија за да ги заштити комуникациите со приватни советници.
Белата куќа ја отфрла можноста за пораз и ги обвинува медиумите за ширење лажна нарација. „Оваа администрација и разумните републиканци ќе продолжат да ги обезбедуваат нашите граници, да го спроведуваат законот и редот, да враќаат повеќе пари во џебовите на вредните Американци и да носат победи за американскиот народ“, изјави портпаролката Лорен Бис.
Трамп минатиот месец одржа митинзи низ целата земја за да ја зачува републиканската контрола врз Конгресот, а во неделата ги презакажа претходно откажаните митинзи во Ајова и Канзас.
Дури и ако го изгуби мнозинството, тој би можел да стави вето на демократските закони, а демократите веројатно нема да имаат доволно гласови во Претставничкиот дом за да го поништат тоа вето, објавува британски Телеграф.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата