300 КИЛОГРАМИ КОКАИН СКРИЕНИ ВО ГАЈБИ СО БАНАНИ: Германската полиција заплени дрога вредна 20 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НИРНБЕРГ

Vecer | 04.11.2026

300 КИЛОГРАМИ КОКАИН СКРИЕНИ ВО ГАЈБИ СО БАНАНИ: Германската полиција заплени дрога вредна 20 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НИРНБЕРГ

Германската полиција и царина откри и конфискува 300 килограми кокаин. Дрогата била пронајдена на пазар на големо во Нирнберг, скриена во гајби со банани.

Вредноста на запленетиот кокаин на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра.

Полицијата била информирана за невообичаено тешка гајба со банани од вработен во пазарот, по што уследила проверка.

Бананите пристигнале со товарен брод од Еквадор до холандското пристаниште Флисинген, од каде што биле транспортирани до Нирнберг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk