Тешка несреќа се случи утрово во кинеското пристаниште Кингдао, каде што голем број луѓе настрадаа во пожар на странски товарен брод. Според извештаите на кинеските државни медиуми што ги пренесува „Саут чајна морнинг пост“, бродот во моментот на несреќата се наоѓал на поправка во бродоградилиштето.
Реагираше и кинескиот претседател
Пожарот, според наводите на државната агенција Ксинхуа, избувнал околу 11:15 часот по локално време додека бродот бил на одржување. Во првичните извештаи сè уште не е наведен точниот број на загинати или повредени, јавува Би-би-си
На трагичната несреќа реагираше и кинескиот претседател Си Ѓинпинг, кој побара итно започнување сеопфатна акција за потрага и спасување. Тој наложи и брза истрага за да се утврдат точните причини за пожарот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата