logo
logo
logo

СВЕТОТ ЌЕ ЗАБОРАВИ НА УКРАИНА! Почнува инвазија врз сојузниците на Иран?

Vecer | 03.10.2026

СВЕТОТ ЌЕ ЗАБОРАВИ НА УКРАИНА! Почнува инвазија врз сојузниците на Иран?

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против Хутите во Јемен, во која би можело да бидат мобилизирани повеќе од 100.000 јеменски војници. Главни цел на оваа операција е враќање на контролата над стратешкото подрачје Баб ел Мандеб, кое Хутите го зазедоа минатиот месец, објави Ројтерс.

Операцијата на копно би ја воделa јеменските сили под надзор на Ријад, додека Саудиска Арабија би обезбедила воздушна поддршка. Според шест извори запознаени со подготовките, нападот би можел да почне во наредните недели.

Ријад во моментов разгледува две варијанти. Првата предвидува ограничена офанзива долж брегот со цел Хутите да се потиснат од зоната на Баб ел Мандеб и повторно да се отвори несецметниот поморски сообраќај низ јужниот излез од Црвеното Море. Втората опција би била далековидо поширока и опфаќа истовремени удари на повеќе фронтови во неколку провинции, што би претставувало најширока саудиска војна операција во Јемен во последните години.

Стратешкото значење на Баб ел Мандеб

Хутите во текот на брзиот продор ја проширија контролата долж брегот на Црвеното Море, ја зазедоа стратешката лука Мока и ги презедоа клучните позиции околу Баб ел Мандеб. Овој мореузан го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан, претставувајќи една од најважните поморски рути на светот. Неговото значење дополнително порасна со кризата и затворањето на Ормускиот мореузан за голем дел од нормалниот сообраќај.

Според изворите на Ројтерс, саудиското раководство заклучи дека не може да влезе во сериозни преговори со Хутите додека тие го контролираат ова подрачје, бидејќи тоа им дава огромна преговарачка и економска моќ. Проценките за почетокот на операцијата се движат од неколку дена до периодот по ноемвриските избори.

Меѓународна поддршка и ангажман на сојузниците

Сединетите Држави веќе обезбедуваат разузнавачки податоци и воени советници, но американскиот претседател Доналд Трамп досега не се согласил на директно учество на американските сили во ударите. Велика Британија прифати да обезбеди допуна гориво во воздух за саудиските борбени авиони, додека Франција испраќа војници, радари и системи за противвоздушна одбрана за заштита на нафтената лука Јанбу.

Посебно значајна е помошта од Пакистан, кој во Саудиска Арабија распореди меѓу 30.000 и 40.000 војници за заштита на границите и противракетна одбрана, иако тие засега нема да влегуваат во директни копнени борби во самиот Јемен. На теренот се користат и турски дронови кои Саудиска Арабија претходно ги набави.

Крај на четиригодишното затишје

Со ова завршува периодот на релативно затишје по примирјето од 2022 година. Хутите во последните недели повторно масовно ја гаѓаат саудиската енергетска инфраструктура, додека саудиската авијација секојдневно изведува удари по териториите под нивна контрола. Локалните власти во Сана го обвинуваат Ријад за напади врз цивилни објекти, додека саудиската страна возвраќа со обвинувања дека Хутите погодиле електроенергетско построжение во Медина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk