Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во кинескиот град Шенжен, каде што се одржува самитот на АПЕК, и оствари средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Разговорите биле посветени на билатералните односи и актуелната меѓународна состојба.
На средбата, одржана на маргините на самитот во државната резиденција „Ќилин Шанжуанг“, Путин истакнал дека руско-кинеското партнерство во надворешната политика функционира стабилно и покрај сложените геополитички околности.
„Се придржуваме до конструктивен пристап во создавањето поправеден мултиполарен светски поредок“, изјавил рускиот претседател.
Тој посочил дека трговската размена меѓу Русија и Кина веќе неколку години надминува 200 милијарди долари, а расте и туристичкиот промет меѓу двете земји, благодарение на безвизниот режим воведен на иницијатива на Пекинг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата