(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ - Ученик влета со пиштол и започна хорор!

Vecer | 18.08.2026

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ - Ученик влета со пиштол и започна хорор!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во католичко училиште во градот Замбоанга, на југот на Филипините, се случи пукање во кое ученик застрелал друг ученик, а потоа си го одзел животот.

На една од снимките, за која се претпоставува дека ја направил ученик додека нападот сè уште траел, се гледаат деца како лежат на подот во училницата и се обидуваат да се сокријат под клупите.

На друга снимка се гледаат ученици како во паника истрчуваат од училиштето. Набргу потоа се слушаат истрели, додека на терасата на последниот кат се забележува лице за кое се верува дека е напаѓачот.

Според наводите што се појавија на интернет, осомничениот ученик бил идентификуван како Наел Џалани.

🚨BREAKING: At least 2 killed after shooter livestreams attack at #Ateneo de Zamboanga University in #Philippines

🇵🇭Local media identify him as Nael Jalani. Seeing reports that multiple people have been killed in the shooting.#breaking #viral #furry #shooting pic.twitter.com/Cu99a4WKtF

— pradhyumn sharma (@pradhyu78651514) August 18, 2026

Пиштол внел директно во училницата

Градоначалникот на Замбоанга, Кимер Адан Оласо, изјавил за локално радио дека ученикот успеал да внесе пиштол калибар .45 во училиштето.

Според неговите зборови, првата мета бил наставник кој седел на катедрата.

„Осомничениот потоа преминал во друга училница и пукал во ученик, кој подоцна им подлегнал на повредите“, рекол Оласо.

Напаѓачот го промашил наставникот, по што отишол во друга училница и го застрелал ученикот, кој подоцна починал.

На интернет се појавила и снимка за која се тврди дека самиот напаѓач ја пренесувал во живо. На неа се гледа цевката од пиштолот додека се движи низ училишниот ходник, по што се слушаат истрели.

Втора престрелка во училиште за само два месеца

Престрелката во Замбоанга се случила само околу два месеца по уште еден вооружен напад во училиште на Филипините.

Во средно училиште во градот Таклобан, во централниот дел на земјата, тогаш беа убиени тројца ученици, а уште 20 лица беа повредени.

Би-Би-Си потсетува дека за тој напад беа осомничени двајца тинејџери, при што за едниот било наведено дека редовно играл исклучително насилна онлајн игра.

Најновиот напад повторно ја потресе јавноста на Филипините. Снимките од учениците кои во паника се обидуваат да се сокријат во училниците го покажуваат хаосот што настанал додека вооружениот ученик се движел низ училишната зграда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk