УЖАС ВО КРАКОВ! Шестмина убиени во вооружен напад

Vecer | 07.11.2026

УЖАС ВО КРАКОВ! Шестмина убиени во вооружен напад
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Четири жени и двајца мажи се убиени во пукање во Краков, а петнаесетина други лица се повредени, соопшти тамошната полиција.

Настанот се случил околу 15 часот денеска, кога маж со возило влегол на главниот плоштад во градот и почнал да пука „наслепо“ од автомобилот, соопшти локалната полиција.

Меѓу повредените има и двајца полицајци – еден од нив е во критична состојба, изјави министерот за внатрешни работи Марчин Кјерињски.

Од полицијата велат дека осомничениот, кој е полски државјанин, бил застрелан и пренесен во болница. За време на апсењето и осомничениот возвратил со оган, па затоа меѓу повредените се и двајца полицајци.

Портпаролот на полицијата изјавил дека осомничениот носел облека во воен стил и користел воено оружје, а дополнително оружје било пронајдено и во неговото возило.

Областа околу главниот плоштад е блокирана, а полицијата ги отстранува луѓето од местото на настанот, јавува Би-би-си.

Во објава на социјалните мрежи, полскиот премиер Доналд Туск го нарече инцидентот трагичен и наведе дека полицијата ги истражува сите околности на нападот.

Jestem na bieżąco informowany przez ministra spraw wewnętrznych o sytuacji w Krakowie po tragicznej strzelaninie. Policja bada tło i wszystkie okoliczności zamachu.

— Donald Tusk (@donaldtusk) November 7, 2026

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk