Дводневна жалост во Полска

КРАКОВ ВО ЦРНО, ЗНАМИЊАТА НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ

Vecer | 08.11.2026

КРАКОВ ВО ЦРНО, ЗНАМИЊАТА НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полска прогласи дводневна национална жалост по вооружениот напад во центарот на Краков, во кој загинаа шест лица, а најмалку 15 се повредени. Премиерот Доналд Туск овој напад го оцени како терористички чин, пренесува Анадолу.

Националната жалост важи денеска и утре, 8 и 9 ноември, со одлука на претседателот Карол Навроцки. Државните знамиња се спуштаат на половина копје во знак на почит кон жртвите.

Нападот се случи вчера попладне во центарот на Краков, кога напаѓачот започнал да пука од автомобил, при што усмртил шест луѓе.

Меѓу шестемина загинати се четири жени и двајца мажи. Полицајците го раниле и го уапсиле напаѓачот, за кого е потврдено дека е полски државјанин.

При претрес во неговиот дом биле пронајдени уште три тела. Туск изјави дека постојат силни индиции оти станува збор за членови на најблиското семејство на осомничениот. Властите ги истражуваат и неговите можни врски со крајнодесничарска идеологија.

„Така мора да го наречеме овој суров напад врз животите на луѓето во Краков“, рече Туск, образложувајќи зошто го квалификува настанот како тероризам.

Во Краков локалната жалост ќе трае до 11 ноември. Откажани се настаните организирани од градот и градските институции, а на официјалната интернет-страница е најавена и виртуелна книга на жалост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk