logo
logo
logo

Чекор поблиску до...

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ од Британија

Vecer | 21.03.2023

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ од Британија

Велика Британија ќе и предаде на Украина муниција со осиромашен ураниум, изјави заменик-министерката за одбрана на земјата, Анабел Голди, пренесува Ројтерс.

“Заедно со испораката на ескадрила борбени тенкови „Челинџер 2“ во Украина, ќе испорачаме муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на британскиот парламент.

Осиромашениот ураниум се користи за проектили против тенковски оклоп поради неговата разорна сила и значителна деструктивна моќ. За прв пат се користеше во против тенковски ракети во нацистичка Германија поради недостаток на погуст волфрам.

Западната армија користеше муниција со осиромашен ураниум при бомбардирањето на Југославија и за време на инвазијата на Ирак.

По веста дека Лондон ќе го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Британија го загубила компасот и дека таквите активности ја поткопуваат стабилноста.

„Плановите за испорака на муниција со осиромашен ураниум во Киев сведочат дека Лондон не само што е подготвен да ризикува, туку и да изврши воени злосторства“, посочи рускиот министер за надворешни работи Лавров.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ги нарече плановите на Велика Британија за пренесување гранати со осиромашен ураниум во Украина „југословенско сценарио“.

“Овие гранати не само што убиваат, туку и ја заразуваат околината и предизвикуваат онколошки заболувања кај луѓето кои живеат во овие области“, напиша Захарова на својот канал Телеграм. Според неа, „наивно е да се верува дека жртви ќе станат само оние против кои ќе се користи“.

„Пред сè, војниците на НАТО, особено Италијанците, страдаа во Југославија од тоа. Потоа долго време  се обидуваа да добијат отштета од НАТО за изгубеното здравје. Но, нивните барања беа одбиени.

“НАТО потврди дека најмалку 100 локации на Косово биле бомбардирани со осиромашен ураниум. Повеќето од овие локации се наоѓаат во југозападно Косово, во градовите како Призрен, Пеќ и Клина, поблиску до границата со Албанија. Тешкото вооружување на југословенската војска било концентрирано на овие локации. Околу 31 илјада вакви бомби паднаа на Косово.“ објави по завршување на косовските судири Меѓународниот институт за проучување на војната и мирот.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, по повод иницијативата на Велика Британија за предавање на муниција со осиромашен ураниум на Украина изјави дека е поминато уште едно ниво, но дека ги има се помалку.

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот ги осуди британските планови да испрати тенковска муниција што содржи осиромашен ураниум во Украина, велејќи дека Москва ќе биде принудена соодветно да одговори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk