Ждрепката во Нион денеска ги донесе четвртфиналните двојки во Лигата на нациите, а љубителите на фудбалот ги очекуваат четири исклучително интересни европски пресметки. Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Шпанија и Франција, репрезентации кои во последните години се редовни учесници во завршниците на големите натпреварувања.
Интересно ќе биде и во пресметката меѓу Норвешка и Англија, каде што Норвежаните ќе се обидат да ја искористат својата офанзивна моќ против англиската селекција. Холандија и Португалија ќе понудат уште еден дуел на две репрезентации со голем квалитет и богата фудбалска традиција, додека Белгија и Германија ќе се соочат во уште едно големо европско дерби.
Четвртфиналните двојки се:
Шпанија – Франција
Норвешка – Англија
Холандија – Португалија
Белгија – Германија
По овие пресметки, вниманието се префрла и на баражите за пласман и опстанок во повисоките дивизии. Македонија за место во Б дивизијата ќе игра против Кипар, а првиот натпревар ќе биде на гостински терен. Во останатите дуели за пласман во Б дивизијата ќе се сретнат Естонија – Романија, Фарски Острови – Грузија и Белорусија – Израел.
Во баражот за опстанок во А дивизијата, Србија ќе се соочи со Унгарија, Босна и Херцеговина ќе игра против Данска, Република Ирска против Хрватска, а Словенија против Велс.
Плејоф за испаѓање/влез во А-Лига на нации:
Унгарија – Србија
Босна и Херцеговина – Данска
Република Ирска – Хрватска
Словенија – Велс
Првите натпревари од баражите се предвидени за 25 до 27 март, а реваншите од 28 до 30 март 2027 година.