Фудбалерот на бразилски Сантос, Нејмар, ја прослави победата над Коритиба (1:0) во првенството, но по натпреварот се најде во центарот на вниманието поради инцидент со противничките навивачи.
Бразилецот беше видно нервозен, им довикуваше на навивачите и не избираше зборови. „Не се зафркавајте. Ќе испаднете во втора лига, идиоти!“, им порача поранешниот капитен на бразилската репрезентација.
Но, тука не застана. Пред камерите продолжи со навредите: „Бакнете ме таму. Мора да ме почитувате. Почитувајте ме, е*ано сте мали!“
Ова не е првпат сезонава Нејмар да влезе во конфликт со противниците. Во август имаше жестока расправија и со раководството на Ремо по натпревар од Купот на Бразил.
Сантос моментално се наоѓа на осмото место во бразилското првенство. Иако Нејмар им порача на навивачите на Коритиба дека ќе се преселат во понизок ранг, такво сценарио засега не изгледа реално. Коритиба е на 13. позиција од вкупно 20 екипи, со уште четири натпревари до крајот на првенството.
Инаку, Нејмар има солидна сезона зад себе. Постигна 10 голови и забележа осум асистенции. Неговиот договор истекува во декември, но неговата иднина во клубот останува отворена, со оглед на тоа што неговиот татко е извршен директор на Сантос.