За иднината на искусниот голман во изминатите недели многу се шпекулираше, но се чини дека дилемите повеќе не постојат.
Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, Куртоа веќе потпишал нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до летото 2028 година. Финансиските детали од новиот договор засега не се познати.
Белгискиот чувар на мрежата пристигна во Мадрид во 2018 година од Челзи и оттогаш прерасна во еден од најважните фудбалери на шпанскиот гигант. Во лондонскиот клуб извесен период соработуваше и со Жозе Мурињо, сегашниот тренер на Реал Мадрид.
Да потсетиме, Реал Мадрид неодамна ја продолжи соработката и со Арда Ѓулер. Одличниот турски играч за врска сега е обврзан со кралскиот клуб до летото 2032 година.
Истиот рок на важност го има и новиот договор на Орелиен Чуамени, па јасно е дека челниците на мадридскиот клуб веќе активно работат на задржување на главните играчи во тимот и зачувување на неговата основа за наредните години.