Парма ја декласира Аталанта на Елмас среде Бергамо!

Vecer | 02.11.2026

Парма ја декласира Аталанта на Елмас среде Бергамо!

ФОТО:facebook.com/SerieA/

Неверојатно. Аталанта – Парма 0:3 вечерва во Бергамо во меч од 10.коло во Серија А. И веднаш да напоменеме дека и покрај најавите од Италија, нашиот репрезентативец Елиф Елмас одново не беше стартер кај Маурицио Сари туку влезе во игра во 62.минута место Едерсон. Сепак реално и искрено и Македонецот се вклопи во неверојатното сивило на тимот на Аталанта.

Парма поведе со голот на Фабиан во 41.минута со 0:1. Само што започна второто полувреме со автоголот на Запакоста гостите поведоа со 0:2. Се чини дека овој гол ги шокира уште повеќе па во продолжение од средбата се беше само работа на рутина. Лонтани во 58.минута ги постави конечните 0:3.

Неверојатно лош натпревар одиграа фудбалерите на Аталанта и заслужено се поразени и тоа убедливо и тоа среде Бергамо. Па така по ова 10.коло тимот на Елмас е на 13.место на табелата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk