Скандалозно: ФИФА го платила данокот на Инфантино во САД?!

Vecer | 02.11.2026

Скандалозно: ФИФА го платила данокот на Инфантино во САД?!

ФОТО: Screenshot

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најде во центарот на голем скандал откако водечките светски медиуми открија дека фудбалската организација ги покривала неговите даночни обврски во САД во износ од четири милиони долари.

Според заедничкото сознание на американскиот „Њујорк тајмс“ и францускиот „Монд“, на Инфантино му е доделен посебен финансиски третман за годините 2024, 2025 и 2026 година за време на неговиот престој во Мајами, каде што се во тек подготовките за претстојното Светско првенство. Иако системот за изедначување на даноците бил дизајниран исклучиво за обични вработени преселени во САД за да не трпат финансиски разлики, во пракса тој бил применет за самиот претседател, што не требало да биде случај за избраните функционери.
Дополнителен јавен гнев предизвика фактот што оваа отстапка за Инфантино била одобрена од мал внатрешен комитет уште во 2024 година, но контроверзната одлука никогаш не била внесена во официјалната документација на ФИФА. Клучна улога во целиот процес одиграл швајцарскиот адвокат Бруно Џоменто, претседател на независниот одбор за управување и ревизија, но и долгогодишен личен пријател на Инфантино. Самиот Џоменто уживаше привилегии резервирани само за него – од ексклузивни ВИП акредитиви со право да избира натпревари, до плаќање годишна членарина од 250.000 во швајцарски франци наместо во долари, што тој го профитираше од разликите во курсот.

Новата бура се крена во исклучително чувствително време за ФИФА, која веќе се мачи од контроверзниот план за продажба на правата за Светското првенство на приватни инвеститори, поради заканите за европски бојкот. Сето ова се случува во пресрет на 18 март, кога Инфантино планира официјално да побара доверба во Ванкувер за својот четврти претседателски мандат, на изборите каде што тој во моментов е единствениот регистриран кандидат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk