Крајно неочекувана крвава пресметка меѓу најжестокитее навививачи на МЗТ Скопје и Работнички вечерва во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, јавува Екипа.
Иако двата клуба не се соочуваат денеска, според информациите од страна на двете навивачки групи, наводно навивачите на МЗТ – „Фемили“ пресретнале навивачи на КК Работнички кои доаѓале кон „Јане Сандански“ да го бодрат својот тим на првенствениот натпревар против Скопје.
Па, настанала жестока физичка пресметка, при што, неофицијално, има и повреден. Набрзо пристигнале и повеќе полициски службеници кои спречиле и инцидент од далеку поголеми размери.
Во моментов е засилено полициското обезбедување околу спортскиот центар „Јане Сандански“.
Од видеата на „360 степени“ може да се види дека на местото има полициски екипи, а еден од учесниците во тепачката лежи на коловозот. По кратко време на местото пристигна екипа на Брза помош кој го пренесе повредениот до здравствена установа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата