ЦСКА Софија со спектакуларна церемонија и официјално го отвори реконструираниот стадион „Бугарска армија“. По три години надвор од својот дом, „црвените“ се вратија на целосно обновеното спортско здание, а на трибините за историскиот момент имаше околу 18.000 навивачи.
Новиот стадион има капацитет од 18.540 места за домашни натпревари, покриени трибини и современа инфраструктура.