„Дер Класикер“ заврши без победник, Баерн загуби тројца поради повреди

Vecer | 31.10.2026

„Дер Класикер“ заврши без победник, Баерн загуби тројца поради повреди

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа 2:2 во дербито на осмото коло од Бундеслигата, во натпревар во кој домашните двапати имаа водство, но гостите успеаја да се спасат од пораз со погодок во самиот финиш.

Конрад Лајмер во 38. минута го донесе Баерн во предност, откако претходно голот на Џоб Белингем за Борусија беше поништен поради офсајд. Во 56. минута Хари Кејн имаше можност да ја зголеми предноста од белата точка, но ја погоди пречката.

Серу Гираси во 60. минута го израмни резултатот, но само шест минути подоцна Дајот Упамекано повторно го доведе Баерн во водство. Кога се чинеше дека баварците ќе ги освојат трите бода, резервистот Фабио Силва во 89. минута погоди за конечни 2:2.

Дербито донесе и проблеми за Баерн, кој мораше да направи три принудни замени поради повреди. Исмаел Саибари и Серж Гнабри го напуштија теренот уште во првото полувреме, додека Мајкл Олисе беше заменет во завршницата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk