logo
logo
logo

Захариева: Нема да поглегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Vecer | 25.02.2021

Захариева: Нема да поглегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по повод синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.

Захариева потврди дека двајцата разговарале за претстојното свикување на меѓувладината конференција, но истакна дека датумот треба да биде објавен од двете страни.

„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние и’ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година“, рече Захариева, потсетувајќи на почитување на Договорот за добрососедтсво и неопходноста од напредок во дијалогот.

Таа реече дека никој, вклучувајќи ги и САД, не може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ, доколку не се исполнети условите.

Захариева вчера оствари средба со министерот , Бујар Османи во Софија, каде разговараа за акцискиот план. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk