logo
logo
logo

Вучиќ и Заев со добро вино договараа идни проекти

Vecer | 14.02.2021

Вучиќ и Заев со добро вино договараа идни проекти

 

По примопредавањето на вакцините, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев ја посетија винаријата „Камник“.

Вучиќ објави фотографија на која напиша дека му заблагодарува на Заев и на сопственикот на винаријата „Камник“ за гостопримството.

„ Заедно уживавме со добро вино и со претседателот на Владата на Северна Македонија договоравме заеднички проекти за во иднина“ напиша Вучиќ.

Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини што Србија ни ги донира. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата „Фајзер“, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.

Министерот Филипче најави дека вакцинацијата започнува во среда со здравствените работници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk