logo
logo
logo

„Вреди“ со жестоко прашање: КОЈ ОБВИНИТЕЛ МУ НУДЕЛ СПОГОДБА НА ГРУБИ ЗА ДА СЕ ЗАТВОРИ СЛУЧАЈОТ?

Vecer | 25.08.2026

„Вреди“ со жестоко прашање: КОЈ ОБВИНИТЕЛ МУ НУДЕЛ СПОГОДБА НА ГРУБИ ЗА ДА СЕ ЗАТВОРИ СЛУЧАЈОТ?

По првото судско рочиште против Артан Груби, од коалицијата „Вреди“ отвораат сериозни прашања за наводните случувања зад сцената и можноста целиот случај да биде затворен преку спогодба со Обвинителството.

„Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ.

Според нашите извори, Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ.

Груби дури веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил“.

Според оваа партија, продолжувањето на мерката куќен притвор е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне.

Интересен факт е што, како што додаваат, адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се правосудните „играчи“ од времето на Груевски и Мијалков. Ова, оценуваат во „Вреди“ е сериозен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја.

„Останува дилемата зошто не се обезбедува присуството на првиот соработник на Груби, Перпарим Бајрами.

Дали заедно со преквалификацијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети за сите твои матни игри има контраудар?

Конечно, ниту Бујар Османи не бил многу среќен затоа што на одредени меѓународни адреси му ја прочитале играта зад брифинзите.

Јасно е дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва доаѓаат тешки денови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk