АВТОПАТИ, ЖЕЛЕЗНИЦА, РЕФОРМИ - Николоски најави продолжување на работата за ЕУ

Vecer | 07.11.2026

АВТОПАТИ, ЖЕЛЕЗНИЦА, РЕФОРМИ - Николоски најави продолжување на работата за ЕУ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти.

-Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции - напиша Николоски на Фејсбук по состанокот во Владата со кој претседаваше премиерот Христијан Мицкоски посветен на Реформската агенда.

Тој посочи дека институциите се посветени на спроведување на реформскиот процес и развојот на државата.

-Посветено работиме на реализација на реформскиот процес и развој на државата, зајакнување на економијата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани - наведува Николоски во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk