ВМРО-ДПМНЕ возврати на тврдењата на СДСМ и лидерот Венко Филипче дека платите побрзо растеле во времето на нивното владеење, изнесувајќи свои пресметки за растот на просечната плата. Од партијата велат дека бројките покажуваат поинаква слика, според која во изминатите 23 месеци просечната плата во просек се зголемувала за околу 373 денари месечно.
Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари. Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар. Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари. Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно. Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДСМ и ДУИ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат и дека ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата