logo
logo
logo

ВМРО - ДПМНЕ УДРИ ПО ФИЛИПЧЕ - Осудени за дрога и насилство за него се „деца на Македонија“

Vecer | 08.08.2026

ВМРО - ДПМНЕ УДРИ ПО ФИЛИПЧЕ - Осудени за дрога и насилство за него се „деца на Македонија“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека лица со правосилни пресуди за дрога и насилство ги нарекол „деца на Македонија“ за време на неодамнешните случувања во Ново Село. Според партијата, присуството на овие лица не е случајно, туку претставува намерен обид на опозицијата да испровоцира инцидент од кој би извлекла политичка корист.

„Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата конкретно го посочува Христијан Ефтимов, за кого тврди дека е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Според ВМРО-ДПМНЕ, Ефтимов заедно со Илија Стојанов е правосилно осуден на условна казна затвор од една година и шест месеци за тепање луѓе на плоштадот во Струмица.

За Стојанов, пак, од партијата тврдат дека има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

ВМРО-ДПМНЕ го посочува и организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски, кој бил присутен со Филипче во Ново Село. Во соопштението се тврди дека Трифуновски бил гонет за обид за убиство и дека има досие поврзано со насилство и тепачки.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Филипче со овие лица сакал да предизвика инцидент во Ново Село, а случувањата ги споредуваат со претходниот инцидент во Ташмаруништа.

„Токму такви насилници и корисници на дрога, како што се Ефтимов, Стојанов, Трифуновски, Филипче ги носи со себе и се обидува да ги претстави како симбол на младоста и иднината на Македонија“, се наведува во партиското соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk