logo
logo
logo

ВИДЕО | „ВИСТИНСКИОТ ВИНОВНИК НЕ СЕДИ ДО НАС, ТОА Е ФИЛИПЧЕ“: Лефков за пожарот во модуларната болница

Vecer | 22.08.2026

ВИДЕО | „ВИСТИНСКИОТ ВИНОВНИК НЕ СЕДИ ДО НАС, ТОА Е ФИЛИПЧЕ“: Лефков за пожарот во модуларната болница

По 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО.

Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити, рече на прес конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и пол година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница.

Да потсетиме, болниците кои биле набавени и поставени како стоки, кои во ниту еден случај не можат да бидат користени како објекти за здравствена дејност, биле направени според техничка спецификација на лице поставено од Венко Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk