logo
logo
logo

Детали и снимки од тешката несреќа

(ВИДЕО) СНИМКИ ОД ТРАГЕДИЈАТА НА СТРАЖА: Во тешка сообраќајка загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски

Vecer | 12.09.2026

(ВИДЕО) СНИМКИ ОД ТРАГЕДИЈАТА НА СТРАЖА: Во тешка сообраќајка загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски

Видео од местото на тешката сообраќајна несреќа на патот Гостивар–Стража, во која животот го загуби 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски од Тетово.

Несреќата се случила синоќа околу 22:55 часот, на околу 500 метри од угостителски објект, при што се судриле две возила „голф“, едното со гостиварски, а другото со тетовски регистарски ознаки.

Со едното возило управувал 34-годишниот А.И. од село Чегране, со сопатник 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Второто возило го управувал 21-годишниот Д.Н. од Тетово, додека со него бил и 21-годишниот Ф.Ј. од Тетово.

Од лекар на Итната медицинска помош на местото била констатирана смрт кај Д.Н.

ВИДЕО

Останатите три лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk