logo
logo
logo

Остра порека до СДСМ за владеењето на Заев и Ковачевски

„ГРАЃАНИТЕ ПЛАЌААТ СМЕТКИ, ТИЕ СЕ ВОЗАТ НА ЈАХТИ“: Мицкоски удри по поранешните функционери

Vecer | 12.09.2026

„ГРАЃАНИТЕ ПЛАЌААТ СМЕТКИ, ТИЕ СЕ ВОЗАТ НА ЈАХТИ“: Мицкоски удри по поранешните функционери

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остри критики кон опозицијата и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи ги за бранење на политиките на претходните влади предводени од Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Мицкоски порача дека последиците од, како што го оцени, лошото управување со државата денес ги плаќаат граѓаните и дека таков начин на владеење не смее да се повтори.

„Жалам што СДСМ повторно ја испушта можноста да се извини за сите оние погрешни, криминални, бандитски, анационални политики од тие две влади за коишто СДСМ денеска излегува во јавноста и ги брани, односно владата на господинот Заев и господинот Ковачевски. Наместо да се извини и да се повлече од сето тоа што го имаат направено, тие уште го промовираат тоа“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека огромното мнозинство од народот го дели неговиот став околу лошото менаџирање со кризите во минатото, посакувајќи такви влади никогаш повеќе да не ѝ се случат на Македонија, притоа критикувајќи го начинот на кој поранешните функционери денес го поминуваат своето време, посочувајќи на големиот контраст меѓу нивниот луксуз и реалноста на народот. Премиерот вели оти додека граѓаните ги плаќаат скапите сметки од нивното неодговорно справување со државата, поранешните власти уживаат во егзотични дестинации, се возат на луксузни јахти и се забавуваат со балкански музички ѕвезди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk