Пожарот на планината Жеден, кој со денови беснееше и се прошири кон атарот над село Бојане, е ставен под целосна контрола. Тетовските пожарникари по повеќедневна борба со огнената стихија успеале да го локализираат пожарот, а се очекува наскоро да биде целосно изгаснат.
„Благодарение на храбрите и пожртвувани пожарникари од Тетово, пожарот којшто неколку денови беше активен на планината Жеден и којшто навлезе во аторот над село Бојане веќе можам да кажам дека е ставен по целосна контрола. Најверојатно ќе биде и целосно изгаснат“.
Вака изјави првиот човек на Дирекцијата за спасување (ДЗС) од терен заедно со командирот на тетовските пожарникари Авни Амети. Пожарот со недели им правеше проблем на тетовските пожарникари кои имаа и по 12 жаришта дневно.
– Со тоа значи дека и чадот којшто од овде се одеше во насока на Скопје и го чувствуваа скопјани на секаде низ градот значително ќе се намали. Овде со мене е командирот Авни, командир на тетовските пожарникари. Авни. Што се случуваше во текот на денешниот ден? – праша Стојанов.
Командирот објасни:
– Цел ден тука сме. Од сабајле се бориме. Видовте сами дека чадот беше многу имаше многу јачина на пожарот. А кога се приближи за ние да влез да влегуваме на тоа подрачје. Влегувавме, се бориме овде од утрово досега и може да кажувам дека 90% е изгасен пожарот. А фала богу што ја спасивме оваа шума што е овде надоле. За другото не знам што да кажам. Благодарение на вас, Ангелов, како директор на ДЗС за новите работи и опреми што ни ги донесовте. Голема благодарност од страна на противпожарна единица Тетово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата