Голем пожар избувна рано утрово во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа неколку дуќани. Пожарот зафатил поголем дел од објектите, а на терен интервенираат пожарникарски екипи. Според првичните информации, во пожарот нема повредени лица.
Причините за избувнувањето на пожарот засега официјално не се познати.
Неофицијално, според информациите до кои дојдовме, постојат сомневања дека пожарот бил подметнат, но оваа информација сè уште не е потврдена од надлежните институции.
Се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и противпожарните служби по завршувањето на интервенцијата и увидот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата