logo
logo
logo

Радика не е место за отпад: ОПШТИНА ДЕБАР ГО САНКЦИОНИРАШЕ ЗАГАДУВАЧОТ ОД СНИМКАТА

Vecer | 11.09.2026

Радика не е место за отпад: ОПШТИНА ДЕБАР ГО САНКЦИОНИРАШЕ ЗАГАДУВАЧОТ ОД СНИМКАТА

Општина Дебар информира дека лицето кое фрлаше ѓубре во реката Радика е пронајдено и санкционирано. По јавно објавената снимка од загадувањето на Радика на терен излегле екипи од општинскиот инспекторат со други надлежни институции.

Ова не е само една санкција, туку претставува почеток на нов и поодлучен пристап. Секое лице кое ја загадува реката Радика, јавните површини или кој било друг дел од животната средина ќе се соочи со мерките и санкциите предвидени со закон. Реката Радика и јавните површини не се места за фрлање отпад. Заштитата на природата и одржувањето на чистотата на Дебар е одговорност на сите нас, соопштија од Општината.

Од таму нагласуваат дека ќе продолжат со контроли и конкретни активности за почист Дебар.

За потсетување, спортското риболовно друштво „Трофта“ на социјалните мрежи објави видео снимка на која се гледа како маж со возило застанува на мост на реката Радика и фрла вреќи ѓубре и кутии во една од најчистите реки во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk