logo
logo
logo

Eксклузивна снимка го открива подметнувањето на пожарот

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Сниман моментот кога е подметнат пожарот во дуќаните во Шуто Оризари

Vecer | 12.09.2026

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Сниман моментот кога е подметнат пожарот во дуќаните во Шуто Оризари

Ексклузивната снимка го прикажува моментот на подметнувањето на пожарот во трговскиот центар во Шуто Оризари, во кој изгореа над 20 дуќани.

На снимката се гледаат две лица кои со тротинети пристигнуваат пред дуќаните, истураат течност, го палат местото и потоа си заминуваат со тротинетите.

Пожарот избувнал рано изутрината, а во неговото гаснење интервенирале 15 пожарникари со шест противпожарни возила. Интервенцијата траела од 3:30 до 6:45 часот.

Во пожарот изгореле над 20 дуќани со текстилна и друга стока. Повредени лица нема.

МВР најави увид и преземање мерки за расчистување на случајот, а снимката може да биде важен доказ во истрагата за утврдување на сторителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk