logo
logo
logo

ВЕТУВАЛ ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ, ПА МУ ЗЕЛ 3.200 ЕВРА: Кавадарчанец измамен со месеци

Vecer | 22.08.2026

ВЕТУВАЛ ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ, ПА МУ ЗЕЛ 3.200 ЕВРА: Кавадарчанец измамен со месеци

Кавадарчанец пријавил дека бил измамен за 3.200 евра, откако маж му ветил дека ќе му помогне во лекувањето на член од семејството. Случајот е пријавен во ОВР Кавадарци, а полицијата презема мерки за негово расчистување.

Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите – информираа од СВР – Велес.

Како што додадоа од СВР – Велес, се преземаат мерки за расчистување на настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk