logo
logo
logo

ВЕЛКОВСКИ СО ПЛАН ЗА НОВА ЕНЕРГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Младите, дијаспората и повратниците во фокусот на развојот

Vecer | 25.08.2026

ВЕЛКОВСКИ СО ПЛАН ЗА НОВА ЕНЕРГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Младите, дијаспората и повратниците во фокусот на развојот

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски со конкретен фокус на потенцијалот на младите, дијаспората и повратниците, како важен ресурс за идниот развој на државата. На средбата со Регионалниот директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер за Европа и Централна Азија, Кристофер Левик, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката, со акцент на циркуларната миграција и ставањето на знаењето, искуството и економскиот потенцијал на дијаспората во функција на Македонија.

Велковски посочил дека младинската емиграција мора да се разгледува и во контекст на актуелните демографски трендови, нагласувајќи дека една од клучните цели е создавање услови младите да ја препознаат Македонија како место во кое можат да го градат својот живот, да ги развиваат своите знаења и потенцијали и активно да придонесуваат кон општествениот и економскиот развој.

На средбата било истакнато и значењето на досегашната соработка со ВФД, поддржана од Шведска, преку која биле реализирани анализи, консултации, регионални студиски посети и размена на искуства со Србија, Албанија и Косово.

Стекнатите искуства, како што било посочено, се поврзуваат со националните приоритети и мерките предвидени во Националната развојна стратегија.

„За нас е важно меѓународните партнерства да носат конкретна додадена вредност за граѓаните и институциите. Размената на искуства и експертиза треба да се преточи во конкретни политики и мерки – за младите, за повратниците и за поголемо вклучување на дијаспората во развојот на државата“, истакна Велковски.

Тој нагласи дека младите, дијаспората и повратниците претставуваат значаен потенцијал за иднината на Македонија, а институционална обврска е тој потенцијал да се претвори во конкретни развојни политики и резултати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk