logo
logo
logo

Уште еден продолжен викенд пред нас - ОВОЈ ПЕТОК НЕ СЕ РАБОТИ, А НАСКОРО СЛЕДИ И УШТЕ ЕДЕН НЕРАБОТЕН ДЕН

Vecer | 24.08.2026

Уште еден продолжен викенд пред нас - ОВОЈ ПЕТОК НЕ СЕ РАБОТИ, А НАСКОРО СЛЕДИ И УШТЕ ЕДЕН НЕРАБОТЕН ДЕН

По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор.

Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена.

Потоа следува 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. Празникот годинава се одбележува во вторник, што повторно отвора можност за продолжен одмор со спојување на деновите околу викендот.

За сите граѓани на РСМ

• 8 септември (вторник) – Ден на независноста

• 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)

• 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)

• 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

• 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци

• 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk