logo
logo
logo

УАПСЕН Е ВОЗАЧОТ НА ТРЕТИОТ АВТОМОБИЛ КОЈ ПОБЕГНА ПО НЕСРЕЌАТА ВО РАДИШАНИ - Загина 19-годишник

Vecer | 08.08.2026

УАПСЕН Е ВОЗАЧОТ НА ТРЕТИОТ АВТОМОБИЛ КОЈ ПОБЕГНА ПО НЕСРЕЌАТА ВО РАДИШАНИ - Загина 19-годишник

Уапсен е возачот кој побегнал од местото на сообраќајната несреќа во Радишани, во која загина 19-годишен мотоциклист. Несреќата се случила вчера на улицата „Радишанска“ во Скопје, кога се судриле автомобил „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски таблички. Со автомобилот управувал 47-годишниот С.Б. од Скопје, со привремен престој во градот, додека мотоциклот го управувал 19-годишниот Н.М. од скопското село Побожје. По несреќата, возачот го напуштил местото, а полицијата подоцна го пронашла и го лишила од слобода.

Од МВР информираат дека од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.

„За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено било до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените“, посочија од МВР.

По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во Арачиново пронајдено било возилото и возачот С.О.(46).

Тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk