logo
logo
logo

ТРАМП ГО „ЗАТЕГНА“ НЕБОТО: До 100% царина за дроновите што ги смета за закана

Vecer | 14.08.2026

ТРАМП ГО „ЗАТЕГНА“ НЕБОТО: До 100% царина за дроновите што ги смета за закана

Доналд Трамп воведе царини до 100 отсто за увоз на одредени видови дронови и нивни компоненти, со образложение дека зависноста од странски производители претставува ризик за националната безбедност на САД. Највисоката царина ќе ги опфати дроновите што по својата големина или способности се сметаат за особено чувствителни, вклучително и одредени системи со напредни безбедносни функции.

Во оваа категорија, меѓу другото, спаѓаат дронови со максимална тежина над 25 килограми и оние опремени со термални камери, како и одредени критични компоненти и станици поврзани со овие дронови.

За помалите дронови ќе се применува царина од 25 отсто.

Во меѓувреме, за производи од некои сојузнички земји, меѓу кои се членките на ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја, Швајцарија и Тајван, царината ќе изнесува 15 отсто, додека за увозот од Велика Британија ќе биде 10 отсто, во зависност од условите за потекло на производите.

Според американската администрација, мерката има за цел да го зајакне домашното производство на дронови и да ја намали зависноста на САД од странски добавувачи, особено од Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk