logo
logo
logo

Тешка сообраќајка кај тетово: „ФОЛКСВАГЕН“ СЕ СУДРИ СО ТРАКТОР, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ

Vecer | 26.08.2026

Тешка сообраќајка кај тетово: „ФОЛКСВАГЕН“ СЕ СУДРИ СО ТРАКТОР, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ

Тројца лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила утрово на регионалниот пат Тетово–Пирок.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 09:50 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале патничко возило „Фолксваген уп“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот А.Б. од Пирок, и трактор со тетовски регистарски ознаки, управуван од 54-годишниот Џ.А., исто така од Пирок.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобил трактористот, додека возачот на автомобилот и неговиот 28-годишен сопатник К.Ф. од Пирок се здобиле со телесни повреди.

Повредите кај сите лица биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk