logo
logo
logo

СТИГНУВА ИСПЛАТАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ - Со ребалансот ќе се покријат сите заостанати субвенции за 2025

Vecer | 29.07.2026

СТИГНУВА ИСПЛАТАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ - Со ребалансот ќе се покријат сите заостанати субвенции за 2025

Земјоделците ќе ги добијат заостанатите субвенции за 2025 година, најави премиерот Хирстијан Мицкоски. Исплатата, според него, ќе биде обезбедена преку ребаланост на буџетот, со кој е предвидено зголемување на финансиската поддршка во земјоделството. 

Мицкоски денеска, по увидот во градежните активности на неколку инфраструктурни проекти во делчево, изјави дека Владата наследила неисплатени двегодишни програми за директна поддршка на земјоделците, но и други финансиски обврски, меѓу кои неисплатени плати во Ад Водостопанство и Национални Шуми, долгови и празни акомулации 

– Денес платите се исплатени, тие што заостануваа, и веќе со ребалансот планираме да ги завршиме директните плаќања од 2025-та. Значи, ние плаќавме од 21-ва, 22-ра, 23-та, 24-та како тековна година за заостанати плаќања и сега со овој ребаланс, односно со средствата коишто се предвидени планираме да ја затвориме и 2025-та, а веќе пријавувањето за субвенции за 2026-та е отпочнато, истакна Мицкоски.

Посочи дека се соочувале со предизвик во Агенцијата поради екстерен хакерски напад, но оти и тоа се надминувало.

– Очекувам дека веќе системот од утре-заутре ќе биде повторно во функција за да можеме да продолжиме и со 2026 година. Со други зборови, од двегодишни програми со коишто заостанувавме, сега веќе полека, но сигурно, го фаќаме редот за да бидеме во тек, рече премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk