logo
logo
logo

Стерјовски: Албанија да ги послуша барањата на Македонците од Пустец и да го отвори граничниот премин Церје

Vecer | 01.02.2021

Стерјовски: Албанија да ги послуша барањата на Македонците од Пустец и да го отвори граничниот премин Церје

  • Европската унија му дава посебна важност на регионот Преспа
  • Албанската Влада да ги земе предвид барањата на Македонците во Пустец
  • Македонската заедница во општина Пустец, област на Преспа, со години бара отворање на граничен премин со Грција во селото Церје, во општина Пустец

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски на денешната пленарна седница ја истакна потребата од отворање на граничниот премин Церје, на албанко – грчката граница.

-Македонската заедница во општина Пустец, област на Преспа, со години бара отворање на граничен премин со Грција во селото Церје, во општина Пустец. Отворањето на овој граничен премин ќе донесе посебен развој на општината Пустец, ќе ја зголеми економската соработка помеѓу жителите од двете страни на границата и ќе го зголеми бројот на туристи во општина Пустец и во општина Корча, рече Стерјовски.

Побара од албанската Влада да ги земе предвид барањата на Македонците во Пустец, поддржани од него како пратеник и лидер на МАЕИ, од  локалната власт на општина Пустец, како и од округот Корча.

-Ја повикувам албанската Влада да ги земе предвид барањата на македонската заедница, да разговара со грчката страна и ЕУ за отворање на овој граничен премин и со средства од ЕУ да се изгради потребната инфраструктура и да се асфалтира патот од селото Зрноско до Церје, истакна Стерјовски.

Посочи дека Европската унија му дава посебна важност на регионот Преспа, кој се протега на териториите на  три земји – Албанија, Македонија и Грција и се подготвува да финансира посебен проект „ЕУ за Преспа“ за развој на регионот на Преспа преку ИПА програмата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk