logo
logo
logo

Средба на Спасовски со членови на ДИК, во фокусот отпечатокот од прст во изборниот процес

Vecer | 18.02.2021

Средба на Спасовски со членови на ДИК, во фокусот отпечатокот од прст во изборниот процес


За Измените во изборниот законик во делот за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес, разговараа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Од страна на претставниците на ДИК, како што беше соопштено по средбата, била побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.

Министерот Спасовски ја потенцираше потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека претставниците на државната изборна комисија и министерот Спасовски ја нагласиле потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk