logo
logo
logo

Средба на премиерот Заев со новиот амбасадор на Катар

Vecer | 16.02.2021

Средба на премиерот Заев со новиот амбасадор на Катар


Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Јасим бин Хамид Ал-Тани, новиот амбасадор на Државата Катар во нашата земја.

На состанокот се поздравени членството на Република Северна Македонија во НАТО и политиките на дијалог и пријателство на премиерот Заев, што донесоа решение на долгогодишниот спор со Република Грција, за што е оценето дека е успешен пример во светски рамки.

„Оценето е дека Република Северна Македонија е мирољубива и пријателски определена држава којашто бележи напредок и има потенцијали за натамошен развој. Пренесен е интерес од Катар за разгледување можности за инвестиции во земјава“, стои во владиното известување.

„Ние сме насочени кон евроатлантските интеграции како стратешка определба на државата и истовремено работиме на создавање услови за подобар животен стандард и за економски развој на државата. Во таа насока важна ни е соработката со сите држави, посебно на економски план“, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека се унапредува соработката со Катар во делот на енергетиката, како и дека постојат можности за продлабочување на соработката во областа на туризмот, транспорт, земјоделие, културата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk