logo
logo
logo

Соработката со Белград, ЕУ-интеграциите и дијалогот со Косово, во фокус на средбата на Османи со Селаковиќ

Vecer | 18.02.2021

Соработката со Белград, ЕУ-интеграциите и дијалогот со Косово, во фокус на средбата на Османи со Селаковиќ


Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на посетата во Србија, оствари средба со својот колега, министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ.

Министрите, изразија задоволството за одржувањето на оваа прва посета на Белград, со што е потрдена решителноста за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете држави. Обострано е констатиран нагорен тренд во севкупните односи, како и заемна готовност тие да бидат збогатени со нови содржини, со цел подобрување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји.

„Една од главните точки на мојата посета е заедно со мојот колега да го вратиме интензитетот на политичкиот дијалог меѓу двете земји на нивото пред пандемијата Ковид-19. Го пренесов нашиот интерес, но и очекување, за скора реализација на Третата заедничка седница на двете Влади, како најдобар начин да се конкретизираат замислите и да се реализираат иницијативите кои ќе бидат во интерес на двете држави и граѓаните на двете земји.“, истакна Османи, посочувајќи на заеднички проекти во економијата, енергетиката и инфраструктурното поврзување итн., чија реализација е во насока директен интерес на граѓаните.

На средбата се разговараше и за очекувањата во однос на европските интеграции на двете земји, посебно за време на португалското претседавање со Советот на Европската унија.

„Европската перспектива е наша заедничка определба. Република Србија веќе долго време како преговарач со ЕУ, а Република Северна Македонија уште подолго како земја – кандидат. Не смееме да дозволиме да биде срушен кредибилитетот на процесот на проширување, кој поради честите застои, постојаните одложувања и очигледната непредвидливост е под сериозна закана. Европската перспектива претставува најсилната политичка сила за трансформација на нашите општества и ако сакаме безбеден, стабилен и европски Балкан, мора да го зачуваме и кредибилитетот на европските перспективи “ посочи Османи.

Во однос на актуелните регионални предизвици, министерот Османи го пренесе принципиелниот став за поддршка на дијалогот Белград и Приштина, посочувајќи дека како блиски соседи, имаме директен интерес и гледаме со наклонетост на успехот на овој процес.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk