logo
logo
logo

ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЧЕКА ПРОЦЕНКА - Невремето предизвикало штета од неколку милиони денари

Vecer | 30.07.2026

ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЧЕКА ПРОЦЕНКА - Невремето предизвикало штета од неколку милиони денари

Неколку милиони денари се проценува дека ќе изнесува штетата што невремето од 21 јули ја предизвика во Клиничката болница Штип. Иако првичната проценка веќе е направена, конечниот износ се уште не е утврден бидејќи се очекува извештај од осигурителната компанија, како и дополнителна процена поради новите оштетувања што се појавиле по првиот удар на невремето. 

Заменик директорката на штипската болница, Билјана Ефтимова, информиа дека покрај проценката од осигурителната компанија, ќе се прави и дополнителен увид на состојбата, бидејќи по првичните оштетувања биле забележани и други последици од невремето кои бараат санација. 

Освен извештајот од осигурителната компанија, додаде Ефтимова, се чека и уште една процена на штетата бидејќи по првиот нанос од невремето се појавени и други штети кои треба да се санираат.

„Тоа се однесува на кровот и на третиот кат каде што се сместени ортопедското одделение и ортопедската сала, како и единицата за интензивно лекување и кома-центарот. Тие се најоштетени бидејќи се останати без кров. Засега не знаеме колку точно е штетата, но сигурно ќе биде во милиони денари, што е секако многу“, изјави Ефтимова.

Министерот за здравство Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на штипската болница, рече дека ја следат состојбата и дека во буџетот на болницата биле предвидени одредени средства за реконструкција.

„Министерството ќе ја следи работата и врз основа на процената ќе ги одобри неопходните средства да се завршат работите навреме и ортопедија да биде ставена во функција час поскоро“, изјави министерот.

Разорното невреме што на 21 јули годинава ја погоди земјава не го одмина ниту Штип. Таму, според податоците на УХМР, бил регистриран ветер со јачина од 134 километри на час. Во ваквите наноси, поголема штета претрпе и штипската клиничка болница, каде што се откорна кровната конструкција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk