logo
logo
logo

Цуцуловски: Се оди кон ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 26.02.2021

Цуцуловски: Се оди кон ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Постојат процеси кои говорат дека се оди кон федерализација на Република Македонија, вели професорот Љубомир Цуцуловски кој додава дека еден од нив е инсистирањето на пописот да се одржи сега и желбите за проценти на одреден етнички заедници.

Дека се оди кој федерализација говори на пример воведување на двојазичност на цела територија на Републиката, територијалната поделба од 2004 година која одеше по етничка линија и не се водеше сметка за природните граници, туку за етничкиот состав, истакна Цуцуловски.

Според него  дека се оди кон федерализација говори и т.н. Тиранска платформа, за која како што рече, која е дел од тријадата со Договорот со Грција и Договорот со Бугарија, потенцира Цуцуловски.

- Дека се оди кон федерализација говори и инсистирањето по секоја цена сега да се одржи пописот, при што се нагласува од клучни личности во оваа држава, дека ако одредено малцинство, е под 20 или 30% нема да се  признаат резултатите од пописот.  Тогаш зошто воопшто правиме попис? Нека кажат колку им треба и да дојде до кантонизација и федерализација на Република Македонија, нагласи Цуцуловски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk