73-годишен охриѓанец ќе одговара за две сериозни кривични дела, откако за време на илинденскиот викенд му вперил пиштол, кој го поседувал без дозвола, на турист од Скопје со кого влегол во расправија за место за паркирање, соопшти СВР Охрид.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (73) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.08.2026 во зграда на улица „АСНОМ“ во Охрид, пријавениот вперил пиштол кон лице од Скопје со кое претходно имал расправија за паркинг-простор“, соопштија од охридската полиција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата