МАЈ БЕЗ ГОЛЕМА ЗАВИСНОСТ ОД УВОЗ НА СТРУЈА

САМО МАЛ ДЕЛ УВЕЗЕНА СТРУЈА - Домашното производство покри 96,5% од потрошената струја

Vecer | 25.07.2026

САМО МАЛ ДЕЛ УВЕЗЕНА СТРУЈА - Домашното производство покри 96,5% од потрошената струја
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Домашните производствени капацитети во мај успеале да обезбедат речиси целосно покривање на потребите за електрична енергија. Споерд податоците на државниот завод за статистикам 96,5 отсто од вкупната бруто - домашна потрошувачка на струјата во овој период била обезбедена од домашно производство. 

Во мај 2026 година во однос на мај 2025 година растот на потрошувачката на природен гас од 4.8% се должи на работата на топлинските постројки, додека во мај 2025 година тие не беа активни.

Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 8.5 %

Во мај 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 479 603 МWh електрична енергија, 4.463 мил. нм3 природен гас, 264 997 тон јаглен и 78 468 тони нафтени продукти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk