logo
logo
logo

РЕКОРДНА ПОЛУГОДИШНА ТРГОВИЈА - Над 10 милијарди евра размена со светот, извозот расте побрзо од увозот

Vecer | 06.08.2026

РЕКОРДНА ПОЛУГОДИШНА ТРГОВИЈА - Над 10 милијарди евра размена со светот, извозот расте побрзо од увозот

Македонија ја зголемува трговската размена со странство – извозот расте побрзо од увозот. Во првата половина од годинава, вкупната стоковна размена надмина 10 милијарди евра, а само во јули е зголемена за 17,2 проценти во споредба со истиот период лани.

Податоците покажуваат дека македонските компании извезуваат повеќе, при што извозот бележи раст од 19,1 процент, што е побрзо темпо во однос на растот на увозот од 16 проценти. Покриеноста на увозот со извоз останува над 70 проценти, што укажува на позитивни движења во надворешно-трговската размена на земјата.

Во првите шест месеци од годинава вкупната стоковна размена е повисока за 7,8 насто во однос на истиот период лани. Извозот е зголемен за 8 насто, увозот за 7,7 насто, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 71,3 насто.

Најсилен раст на извозот од 43,5 насто е забележан кај минералните горива, мазива и сродни производи. Следуваат животински и растителни масла, масти и восоци со 33 насто; и хемиски и сродни производи со 21,1 насто.

Стапки на зголемување има кај суровини (кои не се храна) освен гориво за 6,8 насто; пијалоци и тутун за 3,4 насто; како и кај храната за 0,9 насто.

Во рамките на увозот, во првата половина од годинава е регистриран пад кај храна и живи животни, за 0,8 отсто, додека кај сите други категории на производи е има раст.

РАЗМЕНАТА СО ГЕРМАНИЈА – 2,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

Во размената со стоки најзначајни трговски партнери на Македонија и во првата половина од годината остануваат Германија, Велика Британија и Грција, а потоа следуваат Кина, Србија, Бугарија и Турција.

Во овој период, во трговијата со Германија е забележан раст на извозот на стоки за 4,3 % и пад на увозот за 4,4 отсто на годишна основа. Вкупната трговска размена на стоки со Германија изнесува 2 100 милиони евра, при што 75 отсто се лоцираат на извозната страна.

Трговската размена со Велика Британија изнесува 1 112 милиони евра при значителен пораст на увозот во првата половина на годината и учество на увозот од 95 отсто во вкупната трговска размена.

Обемот на размена со стоки со Грција во првата половина од годината достигна 751 милион евра, каде што увозот има удел од 81 отсто во вкупната размена. На релацијата со Кина исто така доминира увозот, со учество од 97 отсто во вкупната трговска размена од 655 милини евра. Со Србија трговската размена изнесува 619 милиони евра, а доминира увозот со 60 отсто. Сепак, извозот со Србија бележи годишен раст во првата половина од годината од 15,9 насто во услови на пад на увозот од 1,2 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk