Осуденик кој користел викенд-отсуство од затворот „Идризово“ е уапсен во Охрид откако физички ја нападнал својата поранешна девојка. Според Министерството за внатрешни работи, нападот се случил додека тој бил на отсуство од издржување на затворската казна, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„На 05.08.2026 во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соoдветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата