logo
logo
logo

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЧЕТИРИ ГРАДА: Повеќе лица приведени, пронајдени марихуана и бела прашкаста материја

Vecer | 23.08.2026

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЧЕТИРИ ГРАДА: Повеќе лица приведени, пронајдени марихуана и бела прашкаста материја

Во полициски акции во Прилеп, Охрид, Свети Николе и Тетово, приведени се повеќе лица откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и грутчеста и бела прашкаста материја. Полицијата продолжува со преземање мерки и активности за расчистување на случаите.

На улицата „Дабничка“ во Прилеп полицијата ги привела С.У.(27) и Е.У.(42), откако при преглед кај С.У. била пронајдена марихуана. На истата улица бил приведен и В.Ј.(27), кај кого биле пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана.

Во Свети Николе бил лишен од слобода С.Г.(39), откако кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во угостителски објект на улицата „180“ во Тетово бил приведен Ф.М.(30), кај кого полицијата пронашла бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица.

СВР Охрид, пак, поднесе кривична пријава против Т.Љ.(37) поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. При преглед на улицата „Ѓорче Петров“, тој фрлил пакување со марихуана и се обидел да избега, но бил спречен и приведен.

По целосното документирање на одделните случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk