logo
logo
logo

СТИГНУВА НОВО НЕВРЕМЕ

ПОДГОТВЕТЕ СЕ! НОВ БРАН НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА - Дожд, грмежи и силен ветер

Vecer | 24.07.2026

ПОДГОТВЕТЕ СЕ! НОВ БРАН НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА - Дожд, грмежи и силен ветер

Македонија ја очекува значителна промена на временските услови. Метеролозите најавуваат посвежо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во повеќе делови од земјата се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Локално е можно да наврнат повеќе од 15 литри на квадратен метар, a долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места може да бидат пообилни. Во делови од котлината се можни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 26 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk