logo
logo
logo

ПО СЛУЧАЈОТ 5 ТОНИ МАРИХУАНА: МВР ТРГНА ВО ЗАПЛЕНА НА ДРОГА - Комбиња и камиони влегоа во Охис и во Струмица (ФОТО)

Vecer | 05.02.2026

ПО СЛУЧАЈОТ 5 ТОНИ МАРИХУАНА: МВР ТРГНА ВО ЗАПЛЕНА НА ДРОГА - Комбиња и камиони влегоа во Охис и во Струмица (ФОТО)

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината доцна попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони дрога запленети во Србија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.

Screenshot
Screenshot


Дел од медиумите објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје.

Screenshot
Screenshot

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на МРТ најави дека деновиве МВР ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

Screenshot
Screenshot


– Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на МРТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk